Елмас има сериозни понуди од Шпанија и од Англија: Ако не добие шанса од Мацари заминува од Наполи!

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас до крајот на годинава ќе ја разгледува својата ситуација во Наполи под водство и на новиот тренер Валтер Мацари. А, доколку не добие вистинска шанса од страна на новиот стратег на наполитанците, тогаш може со сигурност да се очекува уште во јануари заминување од редовите на италијанскиот шампион.

Посебно ако се знае дека и во моментов има две сериозни понуди од клубови од шпанската Ла Лига и од англиската Премиерлига.

Трансфер експертот Екрен Конур тврди дека два  клуба од Англија и од Шпанија ја следат ситуацијата со Елмас силно посакувајќи да го видат во своите редови.

Елмас има договор со Наполи до 30 јуни 2025 година. Од раководството на клубот изминатиов период во неколку наврати јасни потенцираа дека сметаат сериозно на македонскиот репрезентативец посакувајќи потпишување и нов договор, и по јуни 2025.

Се вчитува...