Елмас: Имав среќа во животот да играм за Наполи, во Лајпциг луѓето сакаaт да уживаат на стадион…

Елиф Елмас пред повеќе од еден месец и официјално го напушти Наполи и се пресели во редовите на Лајпциг. Иако не е стандарден првотимец во новиот клуб, Елмас делува максимално мотивирано, со напорна работа на тренинзите да се наметне за посериозна минутажа во натпреварите што следат.

Тој во интервју за италијанскиот весник „Ил Матино“ говореше за адаптацијата на животот во Германија, потсетувајќи се на моментите во Неапол и најубавите спомени од времето минато во тимот на Наполи.

„Никогаш не е лесно кога си заминуваш во јануарскиот преоден рок. Јас си отидов од Наполи по пет прекрасни години и едно освоено скудето, но избрав силен тим, познат во Европа и тим што секогаш игра во Лигата на Шампионите. Она што е најважно, тим што игра со голем број на млади фудбалери во своите редови. Не може да се опише со зборови чувството когра се игра за Наполи, секогаш е тешко да се победува, но се е полесно кога зад себе го имаш целиот град што врие од љубов кон својата екипа. Само оние кои играле за Наполи можат да разберат за што зборувам, а јас имав доволно среќа во животот да го носам дресот на овој тим“, вели Елиф Елмас.

Адаптацијата во новата средина никогаш не е лесна, особено кога се менува и државата на живеење.

„Направив радикална промена во животот. Лајпциг е поладен град од Неапол, мал, но сепак многу убав. И ГЕрманците се многу поточни од наполитанците, но се навикнувам на тоа. Доаѓам по две прекрасни исксутва како Истанбул и Неапол, но ова е поинаку – можам да живеам во самиот град, што не беше случај претходно. Можам да кажам дека атмосферата на стадионот во Лајпциг е фантастична, луѓето сакаат да се забавуваат“, истакна Елмас.

Се вчитува...