Елмас итно замина за Рим – одложена официјалната промоција

Официјалната промоција на Елиф Елмас како ново засилување на Наполи што беше закажана за денеска е одложена бидејќи македонскиот ас итно морал да замине за Рим. За среќа, не станува збор за повреда, туку за бирократски проблем што ќе биде решен во текот на денот, но поради која Елмас ниту денеска нема да може да го одржи првиот тренинг со новиот тим.

Имено, „наполитанците“ во наредниот период ги очекуваат средби низ Европа, како и кратко патување до САД, а Елмас отпатувал до Рим за да ги добие неопходните визи за да може да биде дел од експедицијата на „сино-белите“ во овој дел од подготовките.

Само за потсетување, македонскиот репрезентативец вчера дебитираше за Наполи на дуелот со Кремонезе (3-3), само неколку часа откако и официјално го потпиша петгодишинот договор со „наполитанците“.

Се вчитува...