Елмас ја доби довербата од Гатузо, но против Барселона нема да стартува

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изминатиов период конечно ја доби максималната доверба од Џенаро Гатузо добивајќи стандардно место во првиот тим на Наполи. Но, вечерва, како што пренесува „Скај спорт“, нема да се најде во стартниот состав против Барселона на „Сан Паоло“ во првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Гатузо се одлучил за нешто позатворена варијанта во почетниот состав поради што Елмас ќе седне на клупата, и покрај тоа што стратегот на „наполитанците“ изминативе денови делеше бројни комплименти за играта на македонскиот репрезентативец.

Како што пренесува „Скај спорт“, Наполи против Барселона ќе тргне концентриран на одбрана и цврст среден ред без место за Елмас, кој би добил шанса како прва варијанта за замена бидејќи може максимално да одговори на неколку позиции во тимот.

Дуелот меѓу Наполи и Барселона почнува од 21 часот, како и вториот денешен натпревар меѓу Челси и Баерн.

Се вчитува...