Елмас ја има довербата на Спалети: Во почетниот состав против Барселона

Елиф Елмас повторно ќе биде во почетната постава на Наполи за дуелот со Барселона. Во него двата тима започнуваат „од нула“ со оглед на тоа што првиот натпревар заврши со резултат 1-1, а токму македонскиот репрезентативец имаше огромна улога за затресување на мрежата на Тер Штеген.

Покрај Елмас меѓу првите единаесетмина ќе се најдат и Мерет, Ди Лорензо, Рахмани, Кулибали, Марио Руи, Фабиан, Деме, Зиелински, Инсиње и Осимех.

Многу промени нема ниту во составот на Барселона која во Италија ќе гостува со: Тер Штеген, Дест, Пике, Араухо, Серхио, Траоре, Педри, Алба, Феран Торес, Де Јонг и Обамејанг.

Се вчитува...