Наполи за пресметката со Сасуоло во Серија „А“ ќе биде посилен за Елиф Елмас. Македонскиот интернационалец ја излечи повредата на тетивата, и се враќа во екипата. Тој денеска тренираше со останатите соиграчи, го издржа тренингот, и ќе се најде во комбинација за дуелот кој се игра во сабота.
Поради повреда, Елмас го пропушти натпреварот со Емполи, кој Наполи го загуби со голем пресврт и со тоа ги сведе шансите за освојување на Скудетото на минимум.
Сезонава Елмас беше дел од 33 натпревари во Серија А, и постигна три гола со пет асистенции. Во Лигата на Европа од осум меча постигна четири гола и една аистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА