Елмас кандидат за наследник на Погба во Манчестер Јунајтед?

Трката за услугите на Елиф Елмас уште повеќе се разгорува откако Манчестер Јунајтед се приклучи на долгата листа на клубови подготвени да испратат понуда до Фенербахче за услугите на „македонскиот дијамант“. Тотенхем и Лестер беа двата премиерлигаши кои покажуваа сериозен интерес за Елмас, но според последните информации од „островот“ сега и Јунајтед е сериозно загреан за нашиот интернационалец.

Андер Ерера си замина од „Олд Трафорд“ како слободен играч, а клубот се подготвува да го продаде и Пол Погба. Јасно е дека Оле Гунар Солскјер ќе мора да прави ремонт во средниот ред, а една од желбата на норвешкиот стратег е токму Елмас, како играч што одлично го покрива просторот меѓу двата шеснаесетници. Скаути на Јунајтед го следеле Елмас во квалификациите за ЛШ, на бараж дуелите со Бенфика, кога биле импресионирани од настапите на македонскиот репрезентативец. Неговото влегување во топ-форма кон крајот на сезонава придонесе Јунајтед да го обнови интересот, па се очекува во најскоро време гигантот од „Олд Трафорд“ да испрати и официјална понуда до Фенербахче.

Турскиот гигант бара 20 милиони евра за Елмас, сума што Манчестер Јунајтед без проблем може да си ја дозволи.

Се вчитува...