Елмас ќе биде стартер против Салцбург

Елиф Елмас ќе се врати во стартниот тим на Наполи за утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Салцбург, најавуваат италијанските медиуми. Македонскиот репрезентативец воопшто не влезе во игра при саботниот пораз од Рома во Калчо-лигата, но Анчелоти донел одлука Елмас да стартува од првата минута против Салцбург, заземајќи го местото на повредениот Алан.

На „наполитанците“ очајнички им е потребен триумф за враќање на самодовербата по серијата слаби игри во Калчо-лигата, а Елмас и соиграчите се свесни и за влогот – со триумф денеска имаат можност да го осигураат пласманот во нокаут фазата на две кола пред крајот.

Покрај Елмас, се очекува шанса од првата минута да добие и Мексиканецот Лозано, кој се уште се мачи со адаптацијата по трансферот од ПСВ Ајндховен.

Се вчитува...