Елмас ќе почека за камбек: Прво детални прегледи, па фудбал

Елиф Елмас конечно го победи коронавирусот и доби зелено светло за да се врати на фудбалските терени, но „наполитанците“ нема да брзаат со камбекот на македонскиот репрезентативец. Впрочем, Елмас и Зиелински не се најдоа ниту на поширокиот список на тренерот Гатузо за денешниот дуел со Беневенто, откако тренерот Гатузо најавил дека ќе смета на нив дури откако ќе добијат зелено светло од медицинските лица.

„Елмас и Зиелински долго време имаа коронавирус. Сега се здрави, но сакаме да видиме во каква состојба се наоѓаат нивните организми. Затоа е донесена одлука, тие најпрвин ќе бидат детално прегледани, а откако лекарите ќе дадат зелено светло ќе можат да се вратат на тренинзи и натпревари“, информираат од таборот на Наполи.

За очекување е Македонецот и полскиот репрезентативец веќе од понеделник да влезат во тренажен процес, па потоа да бидат во комбинација за настап на гостувањето против Реал Сосиедад во второто коло од Лигата на Европа.

Се вчитува...