Елмас: Македонија и Италија имаат подеднакви шанси во баражот!

Елиф Елмас со настапот на „Камп Ноу“ во дресот на Наполи уште еднаш го потврди својот раскошен потенцијал, издвојувајќи се во фокусот на италијанската јавност.

Македонскиот репрезентативец за Италијанците е интересен и поради престојниот бараж натпревар меѓу Македонија и Италија за пласман на СП 2022 во Катар, и покрај тоа што поради жолти картони нема да биде во можност да биде на располагање на селекторот Благоја Милевски.

„Јасно е дека пласманот на СП 2022 за нас би бил навистина огромен успех. Ако ја минеме и Италија во полуфиналето би било големо фудбалско нешто. Но, да бидам искрен тоа е само еден натпревар и никогаш ништо не се знае. Ако лично се прашуваме мислам дека шансите се 50-50. Не се предавеме однапред, секако верувам дека и Македонија има свои шанси и покрај тоа што Италија е огромен фаворит“ – вели Елмас.

Полуфиналето од баражот за пласман на СП 2022 меѓу Италија и Македонија се игра на 24. март во Палермо.

Се вчитува...