Елиф Елмас дефинитивно е еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, доказ за тоа е и денешниот избор на УЕФА во кој македонскиот ас се најде меѓуте 50-те најдобри млади играчи според европската куќа на фудбалот.
Елмас, кој од Фенербахче се пресели во таборот на Наполи, е дел од елитно друштво во кое се наоѓаат играчи како Хрватот Брекало, Романецот Јанис Хаџи, потоа Жедсон Фернандес од Бенфика, Дани Олмо од Реал Мадрид, Вилијам Салиба (летово потпиша за Арсенал)…
Елмас не настапи за Наполи на пријателскиот меч со Ливерпул (3-0 за „наполитанците“), но македонскиот ас ќе му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти за следните контролни натпревари на италијанскиот вицешампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА