Елмас меѓу најдобрите во европските квалификации

Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Елиф Елмас, игра феноменално во дресот со националните бои во квалификациите на Европското првенство. Тој досега во циклусот постигна четири гола и е најдобар стрелец на нашата репрезентација, но и еден од најдобрите воопшто на континентот. Кога се во прашање играчите од средниот ред само еден е подобар од него.

Се работи за Холанѓанецот Џорџино Виналдум кој досега во евроквалификациите постигна пет гола. По четири гола покрај Елмас имаат постигнато и Рос Баркли од Англија, Џон Мегин од Шкотска и Амер Гојак од Босна и Херцеговина.

Македонија во ноември ја очекуваат последните два натпревари од квалификацискиот циклус против Австрија на гости и Израел дома на кои Елмас ќе има шанса и да го подобри својот ефект.

Се вчитува...