Елмас меѓу првите со честитка за шампионската титула на Наполи (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас меѓу првите ја честиташе новата титула на неговиот поранешен клуб Наполи во Серија А.

Наполитанците дојдоа и до втората титула во изминативе три години, по синоќешната победа од 2-0 против Каљаеи, па веднаш стигнаа бројни честитки и од поранешни фудбалери на клубот.

Меѓу нив и на Елиф Елмас, кој изминава полусезона на позајмица од Лајпциг ја мина во редовите на Торино. Македонскиот „дијамант“ секако не можеше да остане рамнодушен на трофејот на клубот испраќајќи честитка преку својот Инстаграм профил.

Елмас беше дел од Наполи цели пет сезони, а во 2023 година стигна и до шампионската титула во Серија А.

Се вчитува...