Елмас меѓу „Топ 60“ кандидати за „Златно момче“

Елиф Елмас останува во игра во трката за големата награда „Златно момче“ што вообичаено секоја година се доделува на најдобриот млад фудбалер во светот. Тој се најде на првиот список од 100 најдобри млади играчи, го „преживеа“ првиот рез со кој беа избришани 20 фудбалери, а Елмас остана и дел од листата „Топ 60“, но најновото бришење на уште 20 млади фудбалери.

Јасно е дека неговите солидни партии на почетокот од авантурата во Наполи се само уште еден доказ за големиот потенцијал на Македонецот, кој допрва ќе има што да покаже на терените ширум Италија.

На следниот линк може да гласате за Елиф Елмас во гласањето за престижната награда за најдобар млад фудбалер што традиционално ја доделува весникот „Тутоспорт“.

Главен фаворит за наградата е Жоао Феликс од Атлетико Мадрид, а во игра се уште и Де Лихт, Фоден, Гвендузи, Клајверт, Заниоло…

Се вчитува...