Елмас на 11. место меѓу најдобрите фудбалери во квалификациите, зад него и Роналдо… И Велковски во Топ 15!

„Дијамантот“ Елиф Елмас е најдобриот македонски репрезентативец согласно статистичкиот ранкинг на УЕФА во квалификациите за СП 2022.

Со вкупно 121 поени, согласно параметрите изведени од квалификациските дуели, Елмас е на 11. место меѓу најдобрите фудбалери. Членот на Наполи ги одигра сите десет натпревари за Македонија со постигнати четири погодоци и запишани две асистенции за 893 минути. Со процент од 88% успешни додавања и 23 шутеви кон противничките голови, од кои девет во рамките на голот, Елмас има 121 поен.

Елмас на ранкингот, според ефектот на квалификациските дуели, е пред еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо кој е на 13. место.

А во Топ 15 е уште и Дарко Велковски кој има осум натпревари со 679 минути и постигнати два гола. Велковски има 465 успешни додавања од 541 обид, а има 5,88 одземени топки по натпревар.

Најдобар фудбалер, согласно статистичкиот ранкинг на УЕФА, е Французинот Килијан Мбапе со 342 поени, пред Карим Бензема со 209 поени и Серхио Бускетс со 163 поени. Понатаму следат Ојарзабал, Депај, Караско, Гризман, Крамариќ, Ернандес и Германецот Милер.

Се вчитува...