Елиф Елмас беше спасителот на Наполи во европската авантура и клучниот меч со Лестер, навивачите на „наполитанците“ имаат само пофални зборови за Македонецот, но медиумите потсетуваат дека токму Елмас е главен играч на нашиот национален тим.
„Дијамантот“ поради суспензија нема да може да настапи на дуелот со Италија, но им порача на „аѕурите“ да не мислат дека ќе имаат лесна задача да се пласираат во финалето од баражот.
„Како ќе заврши баражот? Не знам, никој не може да каже однапред. Едно е сигурно, на Италијанците нема да им биде лесно со Македонија, исто како што и на нас нема да ни биде лесно против оваа селекција. Ќе биде интересен меч, јас би сакал на крајот сите да бидат среќни, иако ми е јасно дека тоа не е возможно“, истакна Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА