Елмас: Наполи и Серија А се одлична можност да видам колку вредам

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го даде првото интервју како член на италијанскиот калчолигаш Наполи. Тој вели дека е среќен што ќе игра во клубот каде своевремено настапуваше и Диего Марадона, а добива одлична можност да покаже колку вреди во една од најквалитетните лиги во светот, Серија А.

„Многу сум среќен што ќе го носам дресот на Наполи. Ова е голема шанса за мене, да видам колку вредам и да се докажам во една од најквалитетните лиги во светот“, вели Елиф Елмас.

Елмас направи трансфер од Фенербахче во Наполи за сума од 16 милиони евра, плус дополнителни бонуси, и потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб.

Се вчитува...