Елмас не е сериозно повреден, ќе конкурира за настап

Повредата на Елиф Елмас не е сериозна како што беше првичниот впечаток на денешиот тренинг на фудбалската репрезентација во Рига. За време на тренинго, голманот Дени Илиев непријатно згазнал на зглобот на Емас. По направените проверки се огласи  и репрезентативецот кој вели се надева дека ќе биде во конкуреција за настапот против Летонците.

„Ви благодарам за поддршката и грижата за моето здравје. Заработив повреда на денешниот тренинг, но подобар сум. Се надевам дека ќе бидам во комбинација за настап. Како спортисти секогаш се бориме за успех и победа на нашата држава, даваме се од себе и на тој начин и ќе продолжиме. Поддржете ја оваа #Македонија на вистински начин, без навреди или омаловажувања”! #НапредМакедонија Бори се и победувај  #Победувај и бори се #ЗаедноДоПобеда“ – напша Елмас на социјалните мрежи.

 

 

Се вчитува...