Елмас не заборава – го „пецна“ Јуве пред дербито во Неапол (фото)

Елиф Елмас веќе неколку месеци е член на Лајпциг, но македонскиот репрезентативец се уште е максимално приврзан со својот поранешен клуб Наполи.

Така, Елмас пред вечерашното дерби меѓу Наполи и Јувентус имаше објава на својот инстаграм профил, потсетувајќи на ланскиот дуел што Елиф и соиграчите го добија со преубедливи 5-1.

Елмас на тој меч го постигна својот петти гол минатата сезона во Калчо-лигата, а нема сомнеж дека таа победа му е една од најмилите во последните неколку години.

Се вчитува...