Елмас негативен на коронавирусот

Елиф Елмас е негативен на коронавирусот, и тој утрово се врати во Неапол. Неговиот клуб објави дека последниот молекуларен тест бил негативен, а утрово на социјалните мрежи Елмас објави дека е веќе во Неапол.

И натаму не е познато дали Елмас ќе биде дел од Наполи за дуелот со Јувентус, а можно е дури истиот да биде и одложен поради зголемен број на нови случаи на ковид. Вчера беше потврдено дека и тренерот Лучијано Спалети е во изолација поради коронавирус.

Се вчитува...