Елмас: Нема посреќен од мене, сонував да дадам гол на вакво дерби

Македонскиот мегаталент Елиф Елмас блесна во полн сјај на големото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај. Тој постигна гол и го спаси Фенер од пораз израмнувајќи на 1-1 во 71.минута. Пет минути претходно Галата дојде во водство.

По натпреварот, Елиф Елмас бликаше од среќа, истакнувајќи дека се исполнил неговиот сон.

„Пресреќен сум. Првпат играм на вакво дерби и веднаш постигнав гол. Сонував за ова. Среќен сум што продолжи низата и се надевам дека ќе трае долго време“, изјави Елиф Елмас.

Се вчитува...