Елмас номиниран за признанието „Златно момче 2019“: Во друштво на Де Лихт, Донарума, Жоао Феликс…

Најголемиот македонски фудбалски бисер, Елиф Елмас е номиниран за најпрестижното признание за млади фудбалери во Европа, „Златно момче“ за 2019 година.

Елмас, кој е во очекување деновиве на трансферот во Наполи, на листата номинирани е во друштво на 80 најдобри млади фудбалери кои настапуваат во Европа а меѓу кои се и Матијас Де Лихт, Донарума, Френки де Јонг, Жоао Феликс, Санчо…. Сето тоа уште еднаш потврдува за квалитетите на македонскиот репрезентативец кој ова лето беше во фокусот и со понудите за реализација на трансферот од Фенербахче.

Наградата „Златно момче“ ја воведе италијански „Тутоспорт“ во 2003 година и во изборот гласаат најугледните спортски весници. Досега добитници на ова признание биле и Лионел Меси, Серхио Агуеро, Пол Погба, Килијан Мбапе и Матијс Де Лихт минатата година.

Елиф Елмас, пак, во сабота го чекаат лекарските прегледи во Наполи и официјализацијата на трансферот во редовите на калчолигашот за сума од 18 милиони евра.

Се вчитува...