Елмас од првата минута на терен против Генк

Елиф Елмас ќе се појави во стартниот тим на Наполи на утрешниот натпревар против Генк, што ќе биде прв старт на „македонскиот дијамант“ во елитното европско натпреварување. Елмас влезе во игра во второто полувреме од дуелот со Ливерпул, но за добрите игри во изминатиот месец ќе биде награден со првотимски статус на гостувањето во Белгија.

Италијанските медиуми најавуваат дека Анчелоти повторно ќе го ротира тимот. Кулибали ќе се врати во екипата откако поради суспензија не настапи против Бреша, во нападот повторно најистурен ќе биде Мертенс, додека во средниот ред Елмас ќе добие шанса на местото на Зјелински. Трофејниот стручњак има навика да го ротира тимот порад згуснатиот распоред на натпревари, што му овозможува на Елмас веднаш да се наметне и да добие минутажа за да ги покаже своите квалитети.

Наполи има три бода во групата, исто колку и Салцбург, додека Ливерпул и Генк се без бодови по почетните натпревари во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...