Елмас одигра 90 минути, но Фенер загуби од Аланија

Големата резултатска криза на Фенербахче во турското првенство продолжи и на денешното гостување против Аланија, меч на кој „сино-жолтите“ претрпеа минимален пораз од 1-0. Голот на дербито со Галатасарај му обезбеди на Елиф Елмас место во стартниот тим на Фенер, македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути во Аланија, но не можеше да сстори ништо против поквалитетниот домашен состав.

Аланија стигна до победата со голот на Караџа во 57. минута, а при резултат 1-0 домаќините создадоа уште четири стопроцентни шанси што нивниот најдобар фудбалер Сисе не успеа да ги претвори во втор погодок.

Елмас и соиграчите по овој пораз остануваат на 14. место на табелата со 33 бода, само пет повеќе од Ерзурум, кој на 16. позиција се наоѓа во зоната за испаѓање.

Се вчитува...