Елмас: Одиме на шест бода во овие два меча, но нема да биде лесно

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ги истакна очекувањата од натпреварот со Лихтенштајн, и потоа следниот со Германија.

Елмас кажа дека посакува Македонија да освои шест бода, но дека ќе биде тешко да се оствари тоа особено што после Лихтенштајн следува дуел со фаворитот во групата.

„Мора да го добиеме овој натпревар да останеме во игра за Светско првенство. Се спремаме добро и се надевам дека ќе се вратиме со три бода од Лихтенштајн. Ќе играме како што ќе каже селекторот, и сметам дека не треба да ја поправиме само реализацијата, туку и некои други детали. Не очекува еден тежок меч. Лихтенштајн игра дефанзивно добро, и станува збор за компактен тим. Двата меча се важни, но првиот меч не го гледаме тест пред Германија. Гледаме да ги освоиме сите шест бода, и нема да биде лесно. И Лихтенштајн е тежок меч, потоа следува уште потежок со Германија, но и во двата меча ќе дадеме максимум“, вели Елмас.

Се вчитува...