Елмас остана „дома“, нема да игра со Ливерпул

Елиф Елмас нема да настапи на утрешниот пријателски натпревар меѓу Наполи и Ливерпул откако Карло Анчелоти реши македонскиот ас да остане во тренинг-кампот и да работи на подобрување на физичката подготвеност.

„Наполитанците“ попладнево ќе полетаат кон Единбург, а на листата на патници составена од стручниот штаб не се најде Елмас, кој пред само неколку дена потпиша договор со овој клуб од редовите на Фенербахче. Заедно со нашиот интернационалец „дома“ останаа и Тонели и повредениот Малкуит. Натпреварот меѓу Наполи и Ливерпул се игра утре со почеток во 18 часот.

Елмас ќе тренира со остатокот од тимот по нивното враќање од Шкотска, а македонскиот ас речиси сигурно ќе се најде на списокот за мини-турнеата низ САД, во која Наполи ќе игра две средби со Барселона.

Се вчитува...