Елмас отпадна од трката за „Златно момче“ за 2019 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас не се најде на списокот на 20-те најдобри млади фудбалери во светот на „Тутоспорт“ за наградата „Златно момче“ за 2019 година.

Елмас со одличните партии во дресот на македонската репрезентација и Наполи успеа да се најде меѓу 40-те најдобри. Листата од 100 најдобри фудбалери традиционално се крати за по 20 играчи на секои десетина дена, а Елмас не успеа да го мине четвртиот „филтер“. Сепак асот на Наполи со тоа што се најде меѓу 40-те најдобри е дел од самата елита кога станува збор за големите таленти на светскиот фудбал.

Меѓу 20-те останати се наоѓаат Жоао Феликс (Португалија/Атлетико Мадрид), Матајс де Лихт (Холандија/Јувентус), Алфонсо Дејвис (Канада/Баерн Минхен), Џанлуиџи Донарума (Италија/Милан), Ансу Фати (Шпанија/Барселона), Фил Фоден (Англија/Манчстер Сити), Матео Гендузи (Франција/Арсенал), Ерлинг Халанд (Норвешка/Салцбург), Кај Хаверц (Германија/Баер Леверкузен), Дејан Јовелиќ (Србија/Ајнтрахт Франкфурт), Мојзе Кен (Италија/Евертон), Канг ин Ли (Јужна Кореја/Валенсија), Андриј Луњин (Украин/Валјадолид), Донел Мален (Холандија/ПСВ Ајндховен), Мејсон Маунт (Англија/Челси), Родриго (Бразил/Реал Мадрид), Џејдон Санчо (Англија/Борусија Дортмунд), Феран Торес (Шпанија/Валенсија), Винициус Жуниор (Бразил/Реал Мадрид) и Никола Заниоло (Италија/Рома).

 

Се вчитува...