Елмас почнува од првата минута против Интер

Елиф Елмас повторно ќе добие шанса во стартниот тим на Наполи, на вечерашниот дуел од полуфиналето во Купот на Италија на „Џузепе Меаца“ против Интер.

Македонскиот ас го постигна првиот погодок во дресот на „наполитанците“ при триумфот над Сампдорија, потоа поради суспензија не настапи против Лече, дуел што Наполи неочекувано го загуби на домашен терен. Гатузо е свесен дека Елмас дава дополнителен квалитет во организацијата на нападите, па веќе решил да му даде шанса на Македонецот во стартниот тим на вечерашната пресметка со „нероаѕурите“.

„Дијамантот“ ќе се најде во триото на средината од теренот заедно со Фабијан Руиз и со Деме, а во нападот Мертенс ќе го заземе местото на Милик, крај Калјехон и Инсиње. Во одбраната ќе недостига Кулибали, кој одигра катастрофално со Лече, па Гатузо ќе им даде шанса на Манолас и Максимовиќ.

Се вчитува...