Елмас повторно стартер, Наполи убедлив во последната контрола пред новата сезона

Наполи на нашиот Елиф Елмас стигна до убедлив триумф од 4-0 против Пескара во последниот пријателски натпревар пресрет новата сезона во Серија А.

Како и претходно така и на денешниот меч нашиот интернационалец беше во стартната постава и одигра 77 минути.

Водство за „наполитанците“ донесе Осимен во 9. минута, а само девет минути подоцна Инсиње зголеми на 2-0. Во вториот дел Унас во 47. и Зедадка во 77. ги поставија конечните 4-0.

Наполи и Еламс првиот натпревар во новата сезона ќе го имаат на 22. август кога на домашен терен ќе ја пречекаат Венеција.

 

Се вчитува...