Елмас пред потпис со Тотенхем – трансфер вреден 20 милиони евра!

Елиф Елмас се наоѓа пред потпис со Тотенхем откако англискиот премиерлигаш понудил 20 милиони евра за да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови.

Турските медиуми се повикуваат на извори од Фенербахче, дека понудата од лондонскиот клуб е задоволителна за раководството на „сино-жолтите“, кое е подготвено да даде зелено светло за овој мегатрансфер. Лестер и Кардиф во изминатиот период исто така покажуваа интерес за да го одведат Елмас во Премиер-лигата, но понудата на Тотенхем е повисока од оние на двата клуба.

Фенербахче се наоѓа во незавидна финансиска состојба и ќе мора да продаде фудбалери за најмалку 40 милиони евра во текот на летото, а со преселбата на Елмас во Лондон турскиот гигант би обезбедил половина од оваа сума.

Елиф Елмас сезонава одигра 34 натпревари за Фенербахче, притоа постигнувајќи и еден погодок. Тој има договор со Фенер до 2022 година.

Се вчитува...