Елмас пристигна во Истанбул, на прегледи во Фенербахче

Македонскиот суперталент Елиф Елмас пристигна на аеродромот во Истанбул, заедно со својот татко, и со агентот Никола Ѓошевски, кој го реализира овој мега-трансфер на фудбалерот на Работнички во турскиот гигант Фенербахче.

Елмас на аеродромот беше пречекан и од турски телевизиски куќи, кои се обидоа да ги добијат и првите негови импресии во пресрет на потписот за новиот клуб. Тој треба да ги мине медицинските прегледи, а потоа и да потпише повеќегодишен договор со Фенербахче. Тој на својот профил на Твитер изрази благодарност и за досегашниот клуб Работнички.

Се вчитува...