Елмас резерва на дебито на Гатузо

Елиф Елмас ќе го почне од клупата за резерви првиот натпревар на Џенаро Гатузо како тренер на Наполи, што вечерва ќе стартува во 18.30 часот против екипата на Парма.

„Наполитанците“ очајно посакуваат да ја прекинат серијата слаби игри и резултати, па Гатузо се реши за фудбалери со поголемо искуство од Македонецот, во средниот ред давајќи им шанса на Алан, Зиелински и Фабијан Руиз. Во нападот ќе стартуваат Милик, Инсиње и Калјехон, додека Дрис Мертенс ќе го почне мечот од клупата за резерви.

Натпреварот беше предвидено да стартува во 18 часот, но почетокот е одложен за 30 минути откако големото утринско невреме во Неапол предизвика мало оштетување на покривот од стаадионот.

Се вчитува...