Елмас се уште е позитивен на коронавирус

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се уште е позитивен на коронавирус, јавуваат италијанските медиуми по најновите тестирања врз фудбалерите на Наполи.

„Наполитанците“ организирале ново тестирање при што сите фудбалери кои досега биле негативни се уште се без коронавирус. За жал, двајцата позитивни играчи на овој калчолигаш, Елиф Елмас и Пјотр Зиелински се уште го немаат победено коронавирусот, покажале резултатите од овие тестирања.

Елмас поради позитивниот тест на Covid-19 ги пропушти дуелите со Косово и со Естонија од Лигата на Нации, а нема да биде во комбинација ниту за последниот октомвриски дуел на нашиот национален тим, против селекцијата на Грузија.

Се вчитува...