Елмас се враќа во стартниот тим на Наполи

Карло Анчелоти ќе продолжи со ротациите во стартниот тим на Наполи, што ќе значи и враќање на Елиф Елмас меѓу првите единаесетмина на „наполитанците“ за денешното гостување против СПАЛ.

Македонскиот репрезентативец беше резерва на последните две средби, против Верона во „Серија А“ и против Салцбург во Лигата на шампионите, но Елмас ќе добие шанса да импресионира од првата минута на гостувањето против незгодниот ривал. Тој е најавен како замена за Бразилецот Алан, па друштво во средниот ред на Елмас ќе му прават Зјелински и Фабијан Руиз.

Лоренцо Инсиње по постигнувањето на победничкиот гол во Салцбург би требало да се врати во стартниот тим против СПАЛ, а се очекува и камбек на Милик, кој даде гола во минатото коло со Верона, но потоа поради конфликт со Анчелоти не настапи на дуелот со Салбург.

Се вчитува...