Елмас славеше со Фенер против Јани Атанасов кој дебитираше за Бурса

Македонска пресметка на младите репрезентативци Елиф Елмас и Јани Атанасов во првото коло од шампионатот на Турција.

Елмас со Фенербахче славеше против Бурсаспор со 2-1 во мечот во кој двајцата македонски репрезентативци ги одиграа последните минути за своите тимови.

Елмас во игра влезе во 83. минута на местото на Аличи, додека Јани Атанасов дебитираше на официјален натпревар за Бурсаспор влегувајќи во игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул во 87. минута од средбата.

Се вчитува...