Елмас со дебитантскиот гол му донесе прв триумф на Гатузо на клупата на Наполи

Наполи во последен миг стигна до триумф на гости (1-2) против Сасуоло, а стрелец на победничкиот гол беше Елиф Елмас во 94.минута од мечот. По корнерот од левата страна, Ди Лоренцо шутираше со глава, Елмас ја дочека топката на вториот дирек, се снајде одлично и со удар со глава ја затресе мрежата. Тоа е прв триумф на Џенаро Гатузо на клупата на „наполитанците“. Исто така и прв гол за Елиф Елмас во Серија А во дресот на Наполи.

Сасуоло поведе во првиот дел со голот на Хамед Траоре во 29.минута, но пресвртот на Наполи се случи во вториот дел. Израмни Алан во 57.минута, а Елиф Елмас доби шанса во 70.минута на местото на Фабијан Руиз и му заблагодари на Гатузо со победнички погодок.

Се вчитува...