Елмас со најбрз гол на еден италијански тим и втор најбрз во историјата на Лига Европа (ВИДЕО)

Официјално, според УЕФА, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас својот гол за водство на Наполи против Спартак Москва во 3. коло од Групата Ц во Лигата на Европа го постигна по 13 секунди игра.

Ова е најбрзиот погодок на еден италијански тим во УЕФА Лигата на Европа, а е втор најбрз гол во историјата на Лигата на Европа.

Најбрзиот досега гол во Лигата на Европа го постигнал Сикора, кој стрелал по 12 секунди игра за Слован Либерец во септември 2016 година.

Се вчитува...