Елмас со Наполи на пат за Ливерпул, Инсиње остана дома

Наполи ќе биде осетно ослабен на следниот натпревар од Лигата на шампионите, на гостински терен против Ливерпул, откако Лоренцо Инсиње отпадна од комбинација за настап на „Енфилд Роуд“.

Италијанскиот репрезентативец заработи повреда на левиот лакот за време на дербито со Милан, па иако одработе дел од денешниот тренинг, беше донесена одлука да не се ризикува и Инсиње да остане во Неапол. За разлика од него, Фабијан Руиз и Марио Руи и покрај повредите ќе патуваат за Англија и ќе бидат во комбинација за настап против Ливерпул.

Елиф Елмас се наоѓа на листата на патници за Ливерпул и се очекува да настапи од првата минута против актуелниот европски првак.

Наполи моментно е второпласиран во групата, со еден бод заостанување зад Ливерпул. Сепак, тимот на Елмас се наоѓа пред пласман во нокаут фазата бидејќи има четири бода предност во однос на третопласираниот Салцбург, на две кола до крајот.

Се вчитува...