Елиф Елмас e максимално мотивиран во летниот период, да се наметне кај тренерот Лучијано Спалети за да добива далеку поголема минутажа отколку што тоа беше случај кај Џенаро Гатузо.
Македонскиот „дијамант“ ги одигра сите 90 минути на контролниот меч со Баерн што Наполи го доби со убедливи 3-0, по што Елмас се јави и со порака преку својот профил на социјалните мрежи.
„Се работи уште повеќе“, напиша Елмас крај фотографија од него на мечот во Минхен, како најава дека е подготвен уште повеќе да напредува во дресот на „наполитанците“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА