Елмас: Среќен сум што дојдов во семејството на Наполи

Македонскиот фудбалски интернационалец Елиф Елмас на социјалните мрежи го изрази задоволството што во иднина ќе го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Наполи.

„Среќен сум што дојдов во Наполи и станав дел од ова семејство. Се чувствувам прекрасно што дојдов во еден од најдобрите клубови во светот и што ќе работам со еден од најдобрите тренери во фудбалската историја, г-н Карло Анчелоти. Благодарен сум до менаџментот на Наполи предводен од г-н Аурелио де Лаурентис што ми овозможи да дојдам во Наполи“, напиша меѓудругото Елиф Елмас.

Се вчитува...