Елмас: Тоа е фудбал, се случуваат и вакви незаслужени порази

Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути на денешниот дуел со Полска, а младата „ѕвезда“ на Фенербахче по мечот со право беше разочарана од конечниот исход на овој меч.

„Искрено, според мене мислам дека игравме добро, но Полјаците имаа повеќе среќа од нас. Дадоа гол во вистински момент, на стартот од второто полувреме, но ете – денеска не не посака среќата. Ќе беше многу подобро ако мечот завршеше нерешено, но тоа е фудбалот, некогаш се случуваат и вакви незаслужени порази“ – истакна Елиф Елмас.

За асот на Фенербахче нема дилема дека репрезентативците ќе најдат сили да го надминат разочарувањето од денешниот пораз и веќе на наредниот меч со Австрија повторно да атакуваат на триумф.

Секако дека ќе се издигнеме од овој пораз, ние сме карактерно добри фудбалери, имаме одличен стручен штаб и очекувам да играме на победа против Австрија, како што впрочем играме и на сите останати натпревари“ – порача Елмас.

Се вчитува...