Елмас: Треба да покажеме дека повеќе го сакаме второто место од Ерменија и Романија

Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат последните два натпревари од квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Прво избраниците на Благоја Милевски ги очекува гостувањето во Ереван кај Ерменија на 11. ноември.

Елјиф Елмас вели дека иако се мали шансите тие ќе дадат се од себе да успеат да стигнат до второто место, велејќи дека најважно е да посакаат дека повеќе го сакаат баражот од Ерменија и Романија.

„Да се подготвиме одлично. Има доста фудбалер кои што недостигаат, но тоа не смее да биде изговор. Одиме во Ерменија да победиме. Иако не зависи се од нас има мала шанса и таа шанса ќе ја бркаме до крај. Треба да очекуваме голема борба. Треба да бидеме паметни и мора да играме искусно иако сме доста млада репрезентација. Треба да покажеме жар на теренот. Сакаме да победиме бидејќи никогаш не се знае. Романија може да киксне и со две победи да одиме во баражот за Светското првенство. Мислам дека покажавме на овие натпревари дека можеме да играме со сите. Одиме во Ерменија да покажеме дека го сакаме повеќе тоа второ место од нив и од Романија“, изјави Елмас. 

Македонија за Ереван заминува вечерва, а натпреварот против Ерменија е закажан за 11. ноември во 18 часот.

Се вчитува...