Елмас вечерва ја очекува „стотката“ за Наполи

Денеска на натпреварот помеѓу Сасуоло и Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го очекува јубилејниот 100-ти настап за „наполитанците“. Македонскиот фудбалер со тоа може да го престигнеНикола Максимовиќ и Мигуел Бритос кои имаат 99 настапи, а ќе го стигна Фаусто Пари кој има точно 100.

Елмас ако продолжи во ист стил, ќе може да го стигне и Горан Пандев кој има 124 настапи за „наполитанците“.

Во досегашните 99 настапи, Елмас има седум гола за Наполи. Тој е од 2019 година во тимот на Наполи откако дојде од Фенербахче.

Се вчитува...