Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на 4. место на листата на играчи со најмногу одиграни натпревари во ТОП 5 лигите во Европа, вклучувајќи ги и клупските натпреварувања, како и оние во националниот тим.
Елмас одигра 70 натпревари во годината која изминува благодарение и на Европското првенство, потоа во Серија „А“, италијанскиот Куп, Лигата на Европа за Наполи, како и квалификациите за пласман на Мундијалот со репрезентацијата.
Прв е Бруно Фернандеш кој што одиграл 73 натпревари, потоа голманот Каспер Шмајхел кој собра 72, па Диаш од Манчестер Сити со 71. Ист број на натпревари со Елмас има и Маунт од Челзи, а потоа 69 меча имаат Гризман, Ди Лоренцо, Сане и Бускетс. На 10. место е Френки Де Јонг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА