Елмас за УЕФА ТВ: Да се пласираме на Светско, па на плоштад ќе направам голема и убава торта (ВИДЕО)

Репрезентативецот Елиф Елмас и селекторт Благоја Милевски зборуваа за УЕФА ТВ магазинот, пред бараж натпреварот против Италија во Палермо.

Иако нема да биде во составот против Италија, Елмас вети дека ќе направи голема торта на плоштад, ако Македонија се пласира на Светско првенство.

„Топката ми лежеше уште од мал. Секогаш кога ќе бидам повикан, секогаш со срце чекам да дојдам. Мојот татко работи во слаткарница Мандарина. Некогаш го гледам мојот татко и го учам занаетот. Со задоволство ќе ја направам најубавата и најголемата торта, само да се пласираме на Светско“, изјави Елмас кој рече дека му е криво што нема да биде на терен и нема да може да им помогне на соиграчите.

Благоја Милевски, пак, уште еднаш повтори дека Македонија не се плаши од Италија.

„Работата на федерација и во младата репрезентација, почнува да дава резултати. Не случајно се овие резултати. Италија е актуелен европски првак, но Македонија не се плаши и ќе оди да игра фудбал и ќе даде се да помине на тој меч“, рече Милевски.

Се вчитува...