Елмас за „виновниците“ кои го подготвија за мечот со Австрија: Најдобрите физиотерапевти (ФОТО)

Елиф Елмас непосредно пред почетокот на дуелот со Австрија им се заблагодари на „виновниците“ кои овозможија да биде подготвен за новиот квалификациски репрезентативен предизвик.

На својот официјален Инстаграм профил, Елмас објави фотографија од физиотерапевтите во македонската репрезентација нагласувајќи: „Најдобрите физиотерапевти!“.

Елмас до утрово беше неизвесен за настап, но по акцијата на физиотерапевтите сега е во стартниот состав на мечот со Австријците.

Се вчитува...