Елмин Растодер поцрвене во поразот од Лозана

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер, предвреме го заврши натпреварот за Тун против Лозана на гостински терен, поради тоа што заработи исклучување во 50. минута од средбата.

Растодер на стартот на вториот дел го доби вториот жолт картон, што значеше дека ќе мора предвреме да го заврши мечот. Во тие моменти беше 2-0 за Лозана, а до крајот неговиот тим само успеа да намали на 2-1.

Тун и после овој пораз остана на врвот на табелата со 31 бод, но влезе во мала резултатска криза, затоа што ова беше втор пораз по ред после оној од Лугано на домашен терен.

Се вчитува...