Елверум без најдобриот стрелец против Вардар?

Елверум ќе биде сериозно ослабен за претстојното гостување во Скопје против Вардар по повредата што ја заработи Александер Блонц. Левото крило со десет гола беше најзаслужно за фантастичната победа на гостувањето против Порто во првото коло од новата сезона, но астрада буквално во последните секунди од тој меч и речиси невозможно е тој да може да настапи против Вардар.

Елверум денеска игра натпревар од норвешкото првенство против Халден, а Блонц воопшто нема да биде во комбинација за оваа средба. Според норвешките медиуми, тој ќе паузира уште најмалку десетина дена, што го прави невозможен неговиот настап против Вардар в четврток.

Вардар во првото коло претрпе несреќен пораз на гостувањето против Мешков Брест, а дуелот во Скопје со Елверум е идеална можнот за прва европска радост на „црвено-црните“ во новата сезона.

Се вчитува...