Елверум го најде лекот за ПИК Сегед – нема повеќе непоразени во ЛШ

По четири одиграни натпревари од групната фаза во Лигата на Шампионите повеќе нема непоразени тимови, а за тоа се погрижи Елверум кој славеше на гостувањето во Унгарија против ПИК Сегед со 30-34.

Норвешкиот тим успеа да стигне до предност од три поени (5-8) уште при самото отварање на мечот. Домаќините со серија од 3-0 успеаја да изедначат на 9-9, но не и да го задржат доброто темпо. До крајот на првото полувреме следеше нова добра игра на Елверум кој по 30. минути игра имаше предност од +4 (15-19).

ПИК Сегед во второто полувреме во неколку наврати успеа да ја сведе истата на негатива од само два гола, но Норвежаните имаа одговор за секој добар моментум на противникот за на крајот да го сведат натпреварот во мирна завршница.

Грондахл беше енигма за Унгарците со девет постигнати гола, а него го следеше Мате со шест. Кај домаќините Банхиди постигна шест погодоци, а по пет додадоа Радивојевиќ, Мачковсек и Соарес.

Во следното коло од Лигата на Шампионите ПИК Сегед гостува кај Кил, додека Елверум на домашен терен го пречекува Загреб.

Се вчитува...