Ем седма титула, ем „метла“ за Работнички (ФОТОГАЛЕРИЈА)

МЗТ Скопје не можеше на подобар начин да му се реваншира на Работнички за ланскиот пораз од 3-0, па аеродромци вечерва ја комплетираа „метлата“ за големиот ривал.

Триумфот апсолутно заслужен, разликата во квалитет целосно потврдена на терен. Во таборот на Работнички можат да жалат што повредите го преполовија составот на „центарци“, а со ваков ростер „црвено-белите“ на вториот и третиот меч парираа колку што можеа. Но немаа сили да издржат до самиот крај.

Кога се ќе се собере и одземе, титулата сосема заслужено се враќа назад во Аеродром, „металците“ прикажаа најмногу во текот на сезоната, а без ниту еден претрпен пораз во плејофот се врраќаат на тронот на мак-баскетот.

Се вчитува...